expertise - онтологија

вештачење повеќе

Види и: вештачи (несв.)
вештачењето
Вид збор: Именка, среден род
Доказно средство насочено кон дознавање на правно релевантни факти преку вештаци, кои поседуваат стручни знаења што ги нема судот или друг орган што ја води постапката.
Употреба: Правда

вештачи повеќе

вештачат
Вид збор: Глагол, несвршен
Дава стручно мислење за одредено прашање пред судски орган.
Употреба: Правда

експертиза повеќе

мн. експертизи
Вид збор: Именка, женски род
Стручно разгледување на некој проблем од експерт со цел да се дојде до соодветен компетентен заклучок.
Албански: ekspertizë
Стручна, експертска проценка на вредноста, потеклото или староста на некое уметничко дело.
Албански: ekspertizë
Употреба: Уметност