god - онтологија

бог повеќе

мн. богови
Вид збор: Именка, машки род
(Бог) Создател и господар на светот во монотеистичките религии.
Албански: Zot
Употреба: Религија
Во митологијата - бесмртно натприродно суштество, олицетворение на природните сили или на дел од природата и од животот.
Албански: Zot
Употреба: Митологија
Тој, таа што има голема моќ, власт, влијание.
Албански: Zot
Употреба: Преносно значење

божество повеќе

мн. божества
Вид збор: Именка, среден род
Суштество со својства на бог, со натприродни, божествени одлики.
Употреба: Религија

господ повеќе

(едн.) господе
Вид збор: Именка, машки род
христијански бог
Албански: Zot, Perëndi
Употреба: Религија

отец повеќе

мн. отци
Вид збор: Именка, машки род
Второ именување на Бог.
Албански: zot
Употреба: Црковен термин

сињелко повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Во народниот јазик - господ, горниот.
Употреба: Народно
Примери:
Така рекол овој сињелко одозгора.

створител повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Господ
Употреба: Религија