spur - онтологија

боде повеќе

бодат
Вид збор: Глагол, несвршен
Притиска, удира со шилест предмет (мамузи).
Албански: shpoj

бодина повеќе

бодинаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Јава на коњ терајќи го силно да трча, да галопира.
Албански: cingëris

дупи повеќе

дупат
Вид збор: Глагол, несвршен
Подбуцнува добиток за да се движи побрзо; подбуцнува некого да направи нешто.
Албански: shpoj

забодина повеќе

забодинаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да бодина.

задупи повеќе

Види и: дупи (несв.)
задупат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да дупи, да подбуцнува некого да направи нешто.
Албански: shpoj, nxis
За добиток - почне да дупи, да подбуцнува за да оди побрзо.
Албански: shpoj

збуца повеќе

збуцаат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно подбуцне некого.
Албански: mamuze

здупи повеќе

здупат
Вид збор: Глагол, свршен
За коњ - збодне со мамузи.
Албански: shpoj

мамуза повеќе

мн. мамузи
Вид збор: Именка, женски род
Метален дел на петицата на задниот дел од чизмите со кој се подбуцнува коњот при јавање.
Турски: mahmuz

набодина повеќе

(се) набодинаат
Вид збор: Глагол, свршен
Бодина доволно, до задоволување.

спотера повеќе

спотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Натера да почне да се движи, да трча.
Албански: bëj të lëvizë
Примери:
Ги спотера коњите.

шпора повеќе

Вид збор: Именка, женски род
мамуза
Германски: Sporn
Употреба: Книжевен збор