whip - онтологија

бич повеќе

мн. бичеви
Вид збор: Именка, машки род
Плетена врвца од кожа, прицврстена за дрвена прачка што служи за терање добиток.
Албански: kërbaç, kamzhik

бичува повеќе

бичуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира, тепа со бич.
Албански: frushkulloj, fshikulloj, rrah me kamzhik

врска повеќе

Види и: врсне (св.)
врскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира со прачка, со камшик, шврка.
Албански: godet

врсне повеќе

врснат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри со нешто тенко - прачка, камшик и сл.
Албански: fshikulloj

грбач повеќе

мн. грбачи
Вид збор: Именка, машки род
Тенок, еластичен камшик, во вид на прачка или сплетен од кожени ремчиња.
Турски: kırbaç

искамшикува повеќе

Види и: камшикува (несв.)
искамшикуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Со камшикување натепа, казни некого.

исфрка повеќе

исфркаат
Вид збор: Глагол, свршен
Фркне, удри (со прачка и сл.) повеќепати.
Албански: godas me shufër

камџија повеќе

Види и: камшик (м.)
мн. камџии
Вид збор: Именка, женски род
камшик

камшик повеќе

мн. камшици
Вид збор: Именка, машки род
Направа од впреден коноп или кожа, прицврcтен за дршка што служи за бичување, за терање добиток и сл.
Турски: kamçı

камшикува повеќе

камшикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Мава, удира со камшик.
Албански: fshikullim, qëlloj me kamzhik

корбач повеќе

мн. корбачи
Вид збор: Именка, машки род
Бич од едно парче или сплетен за јавач на коњ.
Турски: kırbaç

опаше повеќе

опашат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри некого со ремен, камшик и сл.
Албански: rrëmbej
Употреба: Преносно значење

фраска повеќе

фраскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Шиба, шврка, мава, удира (со нешто тенко).
Албански: fshikulloj
(се фраска) се шиба, се шврка, се удира
Албански: fshikulloj

фрасне повеќе

Види и: фраска (несв.)
фраснат
Вид збор: Глагол, свршен
Швркне, шибне, удри, мавне (со нешто тенко - стапче, ремен).
Албански: fishkulloj
Примери:
Го фрасна со прачката.

шврканица повеќе

мн. шврканици
Вид збор: Именка, женски род
Силен удар со камшик, прачка и сл.

швркне повеќе

швркнат
Вид збор: Глагол, свршен
Удри со прачка, со камшик.
Албански: fshikulloj
(се швркне) Се удри се со прачка, со камшик.
Албански: fshikullohem

шиба повеќе

шибаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Удира силно со нога, со тупаница, со нешто в рака; со нешто еластично.
Албански: godas