балкон

мн. балкони
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 2345
1. Издадена мала заградена тераса на куќата.
Англиски: balcony Турски: balkon Албански: ballkon
Употреба: Архитектура и градба
Примери:
куќа со два балкона
2. Издигнат и ограден дел над партерот во театар, киносала и сл.
Англиски: balcony Албански: galeri, ballkon
Употреба: Сцена
Примери:
Почна полека да се искачува по скалите спрема балконот во театарот.
Изведенки
1. балконче ср.
мн. балкончиња
дем.
2. балконски прид.
балконскиот
Пример: Низ отворената балконска врата паѓаше светлина.