бука

мн. буки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2093
1. Bид листопадно, планинско дрво со широка крошна.
Латински: Fagus sylvatica Англиски: beech Албански: lis
Употреба: Ботаника
Примери:
Среде лединката како стожер стоеше една голема расчаталена бука.
2. Жлеб издлабен во стебло по кој тече вода кон колцето во воденицата и сл.
Албански: ulluk
Употреба: Ботаника
Примери:
Водата стрмно паѓаше надолу низ буката од воденицата, силно удираше на воденичкото колце, го вртеше и тоа ги тераше воденичките камења.
3. (само едн.) шум, врева, бучава
Англиски: noise Албански: zhurmë
Примери:
Звучниците крескаат и се трудат да го надвладеат сиот брмчеж и бука.