вонреден

вонредни
Вид збор: Придавка
Ранг: 7232
1. Што не е редовен, што е надвор од вообичаениот ред.
Англиски: special
Примери:
вонреден студент
вонредна седница
вонредно издание
2. Што е прекрасен, необичен, извонреден.
Англиски: extraordinary
Примери:
вонреден актер
вонредна убавица
вонредни резултати
3. Едно од звањата на наставниците на универзитетот.
Англиски: associate
Употреба: Образование
Примери:
вонреден професор
Изведенки
1. вонредно прил.
Пример: Беше вонредно досетлива.
2. вонредност ж.