клинец

мн. клинци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4519
1. Мало, цилиндрично парче метал, зашилено на врвот од едната страна и со глава на другата, врз која се удира.
Англиски: nail Албански: gozhdë
Примери:
Палтото го беше обесил на клинецот зад вратата.
2. Метална четириаголна шајка за потковување коњи, магариња и други домашни животни.
Англиски: horseshoe-nail Албански: gozhdë për patkue
Примери:
Потребни се клинци и плочи за да се потковаат коњите.
3. дете
Англиски: child Албански: fëmij
Употреба: Разговорно
Примери:
Не се дружам со клинци.
Изрази
Тресе клинци - му студи, се тресе од студ.
Изведенки
клинче ср.
мн. клинчиња
дем.