недостасува

недостасуваат; недостасувал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2218
1. Му фали или нема доволно нешто.
Англиски: miss Албански: mungon
Примери:
Ништо не му недостасува.
Му недостасува оргиналност / здрав разум / такт.
Му недостасува самодоверба / топлина / храброст / тактичност.
Само уште пранги недостасуваат.
2. Не е на своето место.
Англиски: miss Албански: mungon
Примери:
Од касата недостасуваа пари.
3. (ми ти му.. недостасува) Чувствува жал или тага поради загуба или отсуство.
Англиски: miss Албански: mungon
Примери:
Ми недостасува јужното сонце.
Изведенки
недостаса св.
недостасаат