обратен

обратниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 7832
1. За правец - што е спротивен од дадениот, првичниот.
Англиски: reverse
Примери:
Обратен правец на движење.
Обратна насока.
Обратен пат.
2. Што претставува опачина на нешто.
Англиски: reverse
Примери:
Се потпиша на обратната страница од формуларот.
Фигурата е нацртана на обратната страна од медалот.
3. Што е различен, противречен, наполно спротивен од друг.
Англиски: opposite
Примери:
Обратен процес.
Обратен ред.
Обратна смисла.