призма

мн. призми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 10439
1. Геометриско тело ограничено со два еднакви многуаголника што лежат во две паралелни рамнини и онолку паралелограми колку што страни имаат многуаголниците.
Англиски: prism Албански: prizëm
Употреба: Математика
Примери:
Десетаголна призма.
2. Провидно тело со најмалку две наклонети површини што служи за прекршување и одбивање на зраците или за разлагање на светлината во боите на спектарот.
Англиски: prism Албански: prizëm
Употреба: Физика
Изрази
Низ призмата на постигнувањата - гледано од аспект на успесите.
Гледа низ призмата на нешто - гледа на нешто необјективно, под влијание на некакви околности.