пријатен

пријатни
Вид збор: Придавка
Ранг: 1882
1. Што дава, што предизвикува задоволство, уживање.
Англиски: pleasant
Примери:
Низ прозорецот се слушаа пријатните звуци на некоја мелодија.
Од кујната доаѓаше пријатна миризба.
пријатен разговор, пријатно чувство
пријатен амбиент
2. привлечен, симпатичен
Англиски: attractive
Примери:
Некои го сметаа за пријатен човек, иако малку вообразен.
Тој беше млад човек, со пријатна надворешност.
Изрази
Пријатен ручек - добар апетит!
Пријатна работа!
Пријатна прошетка! - убав помин.
Изведенки
пријатност ж.