бисер
мн. бисери
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 4051
1.
Бело, блескаво, скапоцено зрно создадено во внатрешноста на одреден вид школки.
Англиски:
pearl
Албански:
margaritar
Ниже бисер.
Светнаа два бисера.
охридски бисер
ситен бисер
бел бисер
2.
вид накит
Англиски:
pearl
Албански:
margaritar
На белата гуша чист бисер.
На вратот скапоцен бисер.
Раскошна капа шиена со бисери и скапоцени камења.
Фустан, сиот извезен од бисер.
Вид: украс (м.)
3.
нешто многу убаво
Примери:
Народната селекција ги пропушта само вистинските поетски бисери.
Староградските напеви се бисери на македонската фолклорна лирика.
Изрази
Рони бисери - зборува течно, умилно, убаво.
(книж.) Фрла бисер пред свиња - Претставува нешто вредно некому што воопшто нема знаење за тоа.