брана
мн. брани
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4942
1.
Насип, вештачка преграда од земја, од бетон што го спречува течењето, движењето на водена маса до одредена височина.
Примери:
Кај Маврови Анови ќе се крене голема земјена брана.
2.
Секаков вид пречка што се поставува меѓу две нешта.
Примери:
Таа постави брана меѓу нив двајцата и тој чувствуваше дека со ништо не може да допре до неа.
3.
Дрвена направа или железно, запчесто орудие, за претсеидбена површинска подготовка на почвата или за негување на културите по сеењето.
Примери:
Разбивањето на корката на почвата се врши со железни брани.
Вид: алат (м.)
Изведенки
браничка ж.
мн. бранички
дем.
мн. бранички
дем.