волчи
волчиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 7394
Примери:
волча глутница
волчо виење
волчи рик
волчи заби
2.
Што е лош, суров, свиреп.
Примери:
Имаше волчи израз на лицето.
Волча лутина му затрепти под кожата.
Надвор силно бришеше волча, планинска меќава.
Изведенки
1.
волчји прид.
волчјиот
Пример:
волчја ноќ
2.
волчешки прид.
волчешкиот