глава
  
    
    
  
  
      
          
             мн. глави
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 77
	    
	
    
    
      
          1.
          Дел од телото на човек или на животно во кој се наоѓа мозокот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ги наполни градите со воздух и ја нурна главата во водата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          животот на човекот
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Гледај да не изгубиш глава!
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          раководител, водач
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ние бевме разбиена војска, а нејзе ѝ е допуштено да нема глава.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  главатар (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          дел од книга, поглавје, партија, оддел
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Романот содржи единаесет глави.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  поглавје (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          9.
          горен, преден дел на предмет (клинец, шајка)
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              На гредите, главите од шајките 'рѓосале.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          10.
          како мерка за висина
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој беше за глава повисок од другите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          реверс на монета
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со глава-писмо одлучуваа кој ќе биде прв.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Мува без глава - без цел, без ред, хаотично.
          
      
        
          
            Од глава до петици - целосно, сосема.
          
      
        
          
            Покрив над глава - засолниште, сопствена куќа.
          
      
        
          
            Да не те боли глава - без мака, лесно, без многу мислење.
          
      
        
          
            Крши глава - заминува, прави што сака.
          
      
        
          
            Бубачки во глава - има некоја манија.
          
      
        
          
            Стои над (врз) глава - надгледува, контролира.
          
      
        
          
            Чука глава од ѕид - мисли, очајува.
          
      
        
          
            Ме (те, го...) удри нешто в глава - помисли нешто наеднаш.
          
      
        
          
            Удрен в глава - (ирон.) душевно болен.
          
      
        
          
            И на твоја глава (желба) - пожелување за мажење или за женење.
          
      
        
          
            Помине нешто преку глава - минати настани, бурни доживувања, обично негативни.
          
      
        
          
            Плати со глава - изгуби живот.
          
      
        
          
            Рибата смрди од главата - слабостите потекнуваат од старешините.
          
      
        
          
            Му ја полни главата - му наметнува некакво мислење, уверување.
          
      
        
          
            Не играј си со главата - не го ризикувај животот.
          
      
        
          
            Не знае кај му е главата - има многу работа, обврски.
          
      
        
          
            Дојдено му е преку глава - не може повеќе да трпи.
          
      
        
          
            Ја става главата в торба - го изложува животот на опасност.
          
      
        
          
            Влакно да не му падне (фали) од главата - да не му се случи ништо лошо.
          
      
        
          
            Човек на своја глава - своеглав човек.
          
      
        
          
            (Бери) Ум в глава - внимавај што правиш.
          
      
        
          
            Со крената (дигната) глава - достоинствено, гордо.
          
      
        
          
            Со наведната глава - посрамено, понижено.
          
      
        
          
            Си зема беља на глава - си го усложнува животот.
          
      
        
          
            Трие сол на (врз) глава - претерано советува, додева со нешто.
          
      
        
          
            Кој нема во главата, има во нозете - кој не мисли навремено подоцна ќе треба да оди повеќе за да ја заврши работата.
          
      
        
          
            Не може да се фати ни за глава ни за опаш - не може со некого да се најде разбирање.
          
      
        
          
            (Не) Му сече умот во главата - бистар (не) е.
          
      
        
          
            Му се крена косата на главата - непријатно се изненади.
          
      
        
          
            Учи, учи, глава бучи - многу учи, а пак не научува.
          
      
        
          
            Му се качи на глава - му здодеа.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          главче ср.
мн. главчиња
дем.
          
          
        
      
        мн. главчиња
дем.
          
          2. 
          главиште ср.
мн. главишта
аугм.
          
          
        
      
    
мн. главишта
аугм.