ден
  
    
    
  
  
      
          
            мн. денови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 67
	    
	
    
    
      
          1.
          Времето од изгревање до заоѓање на сонцето.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              вчерашен ден
	              
	            
	          
	            
	              долг ден
	              
	            
	          
	            
	              зимски ден
	              
	            
	          
	            
	              Работи по цел ден. 
	              
	            
	          
	            
	              работен ден
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  Спротивно од:
		    
			  ноќ (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Деноноќие (ден и ноќ заедно), период од дваесет и четири часа.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Три дена лежеше болна. 
	              
	            
	          
	            
	              Треба два-три дена да поминат.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Може да биде: 
		    
			  сабота (ж.)
			  , 
			
			  петок (м.)
			  , 
			
			  четврток (м.)
			  , 
			
			  среда (ж.)
			  , 
			
			  вторник (м.)
			  , 
			
			  понеделник (м.)
			  , 
			
			  недела (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Определен период, дел од животот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              гимназиски денови 
	              
	            
	          
	            
	              студентски денови 
	              
	            
	          
	            
	              старечки денови
	              
	            
	          
	            
	              тешки денови
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  период (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Определен датум поврзан со некој настан, посветен на некого или на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              ден на независноста
	              
	            
	          
	            
	              ден на просветата
	              
	            
	          
	            
	              ден на мртвите
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  датум (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Добар ден - поздрав на поминување и на влегување.
          
      
        
          
            Голем ден - (верски) празник.
          
      
        
          
            Ден година – долг ден; денот многу долго трае.
          
      
        
          
            До ден-денес / до ден-денеска / до ден денешен - до сега, до овој момент.
          
      
        
          
            Ден за ден / денизден - постојано, секој ден исто.
          
      
        
          
            На ден - Куковден - никогаш.
          
      
        
          
            Не виде бел ден - помина тежок живот.
          
      
        
          
            Не е секој ден Велигден – не може секој ден да има сѐ во изобилие.
          
      
        
          
            Некрстени денови - деновите од Божиќ до Водици, „опасни“ денови за луѓето, денови исполнети со лоши духови и сл.
          
      
        
          
            Ноќта ден ја прави - многу работи.
          
      
        
          
            Од ден на ден - со денови, ден по ден.
          
      
        
          
            Суден ден - последен ден, крај на светот.
          
      
        
          
            Ќе дојде (мојот) ден - време кога ќе можам да направам нешто.
          
      
        
          
            Четириесет дена - значаен ден од раѓањето на бебето (кога се зема Голема молитва); значаен ден од смртта на човекот (Првиот помен), шест недели.
          
      
        
          
            Бели пари за црни денови - чува пари за секој случај.