добие
добијат, добиеме; добиј, доби, добијте; добив, добивме, добија; добил; добиев, добиеја; добиел; добиен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 304
Примери:
Доби задача и мораше веднаш да ја изврши.
Не доби одговор на прашањето.
3.
Произведе, стекне, постигне нешто (како резултат на труд, на дејност).
Примери:
Од нашата работа добивме солидни резултати.
Слично со:
стекне (св.)
4.
Стекне, постигне, се здобие со нешто.
Примери:
Брачниот пар наскоро доби новороденче.
Тој почна да раскажува како го добил ревматизмот.
Случајот доби голем публицитет.
5.
Поприми, придобие друг лик, стане поинаков.
Примери:
Нејзиното лице се одлепи од неговото и доби поголема облина.
Лицето на старецот доби плачлив израз.
6.
Постигне зголемување во некое дејство; постигне добивка, заработи.
Примери:
Со тоа соработката доби во својот интензитет.
7.
Победи, во игра, во натпревар, во борба.
Примери:
Наредната игра од натпреварот ја доби домаќинот.
Слично со:
победи (св.)
Изведенки