а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

жила

мн. жили
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2365
1. крвен сад
Англиски: blood vessel Албански: venë
Употреба: Анатомија
Примери:
Ми смрзна крвта в жили.
Вратните жили му набрекнаа како врбови корења.
2. Ткиво што ги поврзува мускулите за коските.
Англиски: sinew Албански: gilcë
Употреба: Анатомија
Примери:
Ми се здрвија жилите.
3. Оној дел од растението што избива од коренот во земјата и низ кој растението добива храна.
Англиски: root Албански: rrënjë
Употреба: Ботаника
Примери:
Удирав со казма по коренот што пуштил жили на сите страни длабоко вземи.
4. Тетива од говедо од која се правеле камшици - говедска жила.
Англиски: tendon Албански: pjezë
5. Детска играчка слична на ластик со врзана кожинка на средината на која се става каменот кој се исфрла со вртење или оптегнување.
Англиски: slingshot Албански: katapult
Примери:
Детето ја оптегна жилата и го фрли каменот за да погоди едно врапче.
Изведенки
1. жиличе ср.
мн. жиличиња
2. жиличка ж.
мн. жилички
3. жилка ж.
мн. жилки
4. жилче ср.
мн. жилчиња
дем.