а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

залежи

залежат; залежи, залежете; залежав, залежаа; залежал; залежан; (ќе) залежев, (ќе) залежеа; (ќе) залежел; залежен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 55169
1. Почне да лежи (обично од болест).
Англиски: lie Албански: shtrihet
Примери:
Детето залежа болно пред една недела.
2. Лежи подолго време поради болест.
Англиски: lie Албански: shtrihet
Примери:
Таа залежа, еве веќе втора година.
3. (се залежи) Остане на постела подолго време.
Англиски: lie Албански: shtrihet
Примери:
Таа се залежа долго во постела.
Изведенки
1. залежува несв.
(се) залежуваат
2. залежување ср.
глаг. им.