а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испости

испостат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Додржи пост до крај.
Англиски: diet Албански: agjëroj deri në fund
Примери:
Ги испости велигденските пости.
2. Направи нешто да биде посно.
Албански: haje pa yndyrë
Примери:
Многу го испостила јадењето.
Многу го испости организмот со диетата.
3. (се испости) Стане слаб, исушен.
Англиски: starve Албански: dobësohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Многу се испости со таквиот начин на живот.
4. (се испости) За почва - стане неплодна од долго обработување без ѓубрење.
Албански: shterpet
Употреба: Земјоделство
Примери:
Земјата се испостила.
Изведенки
1. испостува несв.
испостуваат
2. испостување ср.
глаг. им.