канцеларија
мн. канцеларии
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1899
1.
Јавна или приватна службена просторија, каде што се извршуваат административни и слични работи.
Примери:
Во канцелариите наеднаш стана мошне живо.
Наставничка канцеларија.
Канцеларија за извештаи и рапорти.
Адвокатска канцеларија.
2.
Персоналот што работи во такво биро, администрација.
Англиски:
office staff
Албански:
personeli administrativ
Имаа чести преписки со неговата канцеларија.
3.
Седиште на некоја, обично локална управа, власт, организација и сл.
Примери:
Од канцеларијата за врски ја потврдија информацијата.
Слично со:
управа (ж.)
4.
Орган на таква управа, власт.
Примери:
Таму ќе отвориме огранок на месна канцеларија и ќе ни треба човек за таму.
Изведенки
канцелариичка ж.
мн. канцелариички
дем.
мн. канцелариички
дем.