капка
мн. капки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 846
Примери:
Му стави три капки во окото.
3.
Многу мала количина од течност.
Примери:
Две недели капка в уста не стави за да биде трезен.
Не можеше да лизне ни капка, поради она несреќно опивање од кое сѐ уште ѝ беше тешко.
4.
Многу мал дел од нешто.
Примери:
Немаше во песната ни раска надеж, ни капка радост.
Во неговите очи немаше ни капка злоба.
Слично со:
ситница (ж.)
5.
Извор, кладенец каде што водата извира во вид на одделни капки.
Изрази
Млад како капка - убав, млад.
Ни капка - ни најмалку, ништо.
Капка по капка - малку по малку, пополека.
Без капка крв - без борба.
До (последна) капка - до крај, целосно.
Чува (гледа) како капка вода на дланка - грижливо чува, негува.
Изведенки