класичен
класичниот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3439
1.
Што се однесува на старите Грци и Римјани, на нивната уметност, култура, јазик и сл.
Примери:
Тука се чувствува на прво место влијанието на грчката, пред сѐ на класичната литература.
класични јазици, класична филологија
Слично со:
антички (прид.)
2.
Што се однесува на уметнички, литературни и научни општопризнати дела.
Примери:
Неговите драми претставуваат класично наследство во светската драмска литература.
класична музика, класичен роман
Спротивно од:
модерен (прид.)
3.
Што се одликува cо правилни, утврдени форми.
Примери:
класична убавина
4.
Што е карактеристичен, типичен за некого или за нешто.
Примери:
Тоа е навистина класичен пример за проникнувањето на две cтихии, ориенталната и западноевропската.
5.
Што е поврзан со класиката.
Примери:
класично образование, класична гимназија
класичен балет, класичен мебел
Изведенки
1.
класично прил.
Пример: Се облекува класично.
Пример: Се облекува класично.
2.
класичност ж.