колак
мн. колаци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 42550
1.
Колач, погача (обично со неа се кани на свадба).
Примери:
Дојде попот да го сече колакот на славата.
2.
Обрач во облик на ѓеврек, направен од шајак исполнет со парталчиња, што cе става на глава кога се носи нешто.
Англиски:
ring
Албански:
hallkë koke
3.
Ортома, јаже, црево за полевање и сл. свиткани, собрани во круг.
Примери:
Гледам врз колаците дебели јажиња што ми заприлегаа на змии.
Слично со:
ортома (ж.)
4.
клопче
Примери:
Ја свиткува рогозината на колак.
Колакот змија станува и се виши нагоре.
Слично со:
клопче (ср.)
Изведенки
колак прид.
крив, свиен
Пример: Колак сабја - крива сабја.
крив, свиен
Пример: Колак сабја - крива сабја.