команда
мн. команди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2207
1.
Куса усна заповед по установен образец во војската или во спортската обука.
Примери:
Не пукај без команда.
На команда сите тргнаа.
Офицерот издаде команда.
Слично со:
заповед (ж.)
2.
Право на управување, надлежност.
Англиски:
control
Албански:
komandë, kontrollë
Ја зеде ергелата под своја команда.
Слично со:
надлежност (ж.)
3.
Воено заповедништво, воена установа.
Примери:
Склучи договор со воената команда за лиферување добиток.
4.
Седиште на воено заповедништво, на воена установа.
5.
Систем од уреди за рачно или автоматско ракување, управување, водење.
Примери:
Команди на авион.
Слично со:
управување (ср.)