круг
  
    
    
  
  
      
          
            мн. кругови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 639
	    
	
    
    
      
          1.
          Дел од рамнина ограничен со кружница.
        
         
          
		  
		  
          2.
          Место, пространство или предмет cо кружна форма.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Светлосниот круг се распрсна околу каменото огниште. 
	              
	            
	          
	            
	              Тој забележа бели кругови на кожата. 
	              
	            
	          
	            
	              Не можам да го скршам овој железен круг.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          затворен, ограничен простор
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кругот на касарната беше полн со војници.  
	              
	            
	          
	            
	              болнички круг
	              
	            
	          
	            
	              логорски круг
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Луѓе или предмети кои претставуваат таков или сличен облик.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Кругот што го формираа децата почна да се стеснува.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Кружна линија или патека на некого или на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Авионот направи неколку круга над градот. 
	              
	            
	          
	            
	              Трчам во круг. 
	              
	            
	          
	            
	              Коњот се движеше во кругови.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          Затворен синџир, ред, низа на дејства или на настани кои сите заедно претставуваат целоcт.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Земјоделските работи се одвиваат во круг.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  редослед (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          Подрачје, сфера, област на некоја дејност.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Излегува од кругот на книжевноста. 
	              
	            
	          
	            
	              Во кругот на науката.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  сфера (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          Група луѓе здружени со некакви врски или интереси.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              семеен круг
	              
	            
	          
	            
	              круг на пријатели
	              
	            
	          
	            
	              интимен круг
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  група (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          9.
          Професионална заедница на луѓе или некаква општествена средина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              книжевни кругови
	              
	            
	          
	            
	              политички кругови
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          11.
          Број на погодоци во некои спортови, стрелечки и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              По второто гаѓање нашиот натпреварувач има 800 круга.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          12.
          Bид подвижна гимнастичка справа со два паралелни круга, обрачи што висат на долги ремени.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Натпреварот во кругови само што не почнал.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Се врти во (маѓепсан) круг - тапка во место; не наоѓа решение на нешто.
          
      
        
          
            На лево круг (војн.) Војничка заповед.
          
      
        
          
            Поларен круг - паралелници што ги разделуваат поларните од умерените зона; северен поларен круг и јужен поларен круг.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
           
          крукче ср.
мн. крукчиња
дем.
          
          
        
      
    
мн. крукчиња
дем.