крчма
мн. крчми
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4009
Гостилница од понизок ред.
Примери:
Селска крчма.
Младите седеа по крчмите или приредуваа вечеринки кај своите врсници.
Слично со:
меана (ж.)
Изрази
Даде крчма - чести за некоја завршена работа.
Кај него падна (е) крчмата - тој што последен пиел, или последената капка од шишето се дотурила кај него, тој ќе чести пијалак, или ќе има за честење за нешто убаво.
Изведенки