луња
мн. луњи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7037
1.
Големо невреме, силен студен ветар со дожд или снег.
Примери:
Беснееше луња со ветар и дожд.
снежна луња
Слично со:
бура (ж.)
2.
Брзо движење, понекогаш проследено со звук.
Примери:
Како луња забучи бесен врескот над нашите глави.
Коњот бодинаше како луња.
Како луња излезе од собата.