наложи
наложат; наложил; наложен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3768
1.
Стави облога на болно место од телото.
Англиски:
wrap
Албански:
mbështjell
Му ги наложија модрините со толчени коприви и сол.
Слично со:
обложи (св.)
2.
Нареди, даде налог за вршење некоја работа.
Примери:
Им наложија да работат прекувремено за да се заврши работата во предвидениот рок.
Слично со:
нареди (св.)
3.
Наметне нешто, принуди некого на нешто.
Примери:
Го наложија својот јазик во нашите училишта.
Му наложија да молчи и само да ги извршува директивите.
Слично со:
принуди (св.)
4.
(се наложи) Се наметне, се постави над другите.
Примери:
Успеваше да се наложи со своите ставови.
Слично со:
наметне (св.)
Изведенки