одовде
Вид збор: Прилог
Ранг: 2397
1.
Од ова место, од местото на зборување.
Англиски:
from here
Албански:
së këndejmi, së këtejmi
Одовде до поштата има петстотини метри.
Одовде до таму има десет минути одење.
Спротивно од:
одонде (прил.)
2.
Од ова место, од местото на живеење.
Англиски:
from here
Албански:
këtej, së këndejmi
Тој е дојденец, не е одовде.
3.
Од оваа страна, од страната на лицето што зборува.
Примери:
Помини одовдека, пошироко е.
4.
Од овој момент; од сега.
Примери:
Одовде почнува нов период.
5.
Од ова што е кажано, изложено.
Албански:
nga kjo
Одовде лесно може да се изведе заклучок.
Изведенки
одовдека прил.