а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

па

Вид збор: Честичка
Ранг: 3214
1. За засилување на исказот или за чудење!
Примери:
Зошто да дојдам? - Па знаеш.
Е, па, дојдете!
Па добро, ќе дојдам.
Па, па, па, вакво нешто не сум видел.
2. Како израз на неодредена состојба.
Примери:
Како си? - Па...
3. Како самостојно прашање.
Примери:
Па? Па тогаш?
Ќе ја свршам и таа работа - па?