погоди
погодат; погодил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1289
1.
Даде точен одговор, точно каже, се домисли.
Примери:
Погодете што ви донесов.
По гласот погодија кој е.
Слично со:
одгатне (св.)
2.
Удри во целта, во некого, во нешто при гаѓање, фрлање и сл.
Примери:
Куршумот го погоди прозорецот.
Влезете внатре да не ве погоди некој заскитан камен.
Спротивно од:
утне (св.)
3.
Се случи, снајде некого нешто.
Примери:
Скопје беше погодено од силен земјотрес.
Целиот регион беше погоден од силно невреме.
4.
Успешно направи нешто, избере во соодветно време, место итн.
Примери:
Не беа сигурни дали го погодија патот.
5.
Направил лош избор.
Примери:
Ама си го погодил времето, баш на дождот.
Погодил кога да дојде.
6.
Договори цена при купување, продавање.
Примери:
Колку ја погодивте нивата?
Слично со:
договори (св.)
7.
Земе некого на работа, услуга под определени услови.
Примери:
Го погодил да му работи летово.
8.
Уреди, среди, добро намести; дотера, се погрижи.
Примери:
Колку да сакаш, нему не можеш да му погодиш.
9.
Предизвика кај некого силна емоција, силно засегне, потресе некого.
Примери:
Смртта на мајката силно го погоди.
10.
(се погоди) Се договори со некого, заемно.
Англиски:
agree
Албански:
mirrem vesh
По долго пазарење, се погодија за цената.
11.
(се погоди) Се дотера, се уреди.
Примери:
Се погоди и излезе.
12.
(се погоди) Се покаже, се открие, во однос на некоја особина, својство.
Примери:
За среќа, човекот се погоди лекар и им помогна.
Чевлите му се погодиле тесни на нога.
13.
(се погоди) Се случи, се поклопи со нешто.
Примери:
Првото дете се погоди машко.
Таа година зимата се погоди долга и сурова.
14.
(се погоди) Се истера, се метне на некого.
Примери:
Синот се погоди на мајка си.
Изведенки