потстриже
потстрижат; потстрижи, потстрижете; потстригов, потстригоа; потстригол, потстригле; потстриган; (ќе) потстрижев, (ќе) потстрижеа; (ќе) потстрижел; пот ...
потстрижат; потстрижи, потстрижете; потстригов, потстригоа; потстригол, потстригле; потстриган; (ќе) потстрижев, (ќе) потстрижеа; (ќе) потстрижел; потстрижен
+ повеќе
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14962
1.
Скрати коса, волна и сл.
Примери:
Берберот лошо те потстригол.
Овчарите ги потстригоа овците.
Слично со:
стриже (несв.)
2.
Воведе некого во ред на црковни лица.
Примери:
Наума го потстригоа, името му го изменија во Инокентие.
3.
(се потстриже) Си ја скрати косата кај бербер.
Англиски:
have a haircut
Албански:
qethem
Тој има чудна навика само еднаш годишно да се потстрижува и да сe бричи.
Тој се потстрижа на бербер.
4.
(се потстриже) Влезе во монашки ред.
Примери:
Трајан се потстрижа во Лесновскиот манастир.
Слично со:
замонаши (св.)
Изведенки