почне
  
    
    
  
  
      
          
            
              почнат; почнам, почни, почнете; почнав, почна, почнаа; почнал, почнале, почнало; (ќе) почнев, (ќе) почнеа; (ќе) почнел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 85
	    
	
    
    
      
          1.
          Тргне од почеток, пристапи кон некое дејство.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Почна да им се посветува на проблемите.
	              
	            
	          
	            
	              Почна силно да плаче.
	              
	            
	          
	            
	              Градината почна да цвета.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Започне изградба, изработка на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Оваа година ја почнавме куќата. 
	              
	            
	          
	            
	              Фабриката почна со производство на делови за возила.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Пристапи кон трошење на нешто непочнато.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ние веќе ја почнавме зимницата. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги почнавме дрвата.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          почнува несв.
почнуваат
          
          
          
        
      
        почнуваат
          
          2. 
          почнување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.