а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прав

прави
Вид збор: Придавка
Ранг: 2950
1. Што не е искривен, свиткан, што нема кривини, рамен.
Англиски: straight Албански: pluhur
Примери:
права линија, права улица
права коса
2. Што е исправен.
Англиски: upright Албански: i drejtë
Примери:
Прав столб.
Прав како свеќа.
3. Што е правилен, точен.
Англиски: correct Албански: korrekt
Примери:
Прав одговор.
Права употреба.
4. Што нема вина, што е невин, недолжен.
Англиски: innocent Албански: i drejtë, i pafajshëm
Примери:
Не се знае кој е прав, а кој е крив.
Прав човек в затвор не оди.
5. Што е вистински, таков како што треба.
Англиски: right Албански: i drejtë
Примери:
прав јунак, права љубов, права цена
прави зборови
6. Што постапува правилно, исправно.
Англиски: righteous Албански: drejtë
Примери:
Вие сте прав кога така постапувате.
Мислиш само ти си прав и никој друг.
Прав си, пријателе!
7. десен
Англиски: right Албански: e djathtë
Употреба: Архаизам , Народна поезија
Примери:
(арх., нар. поез.) С лева р'ка вино зеде, / со правата сабја држе.
Изрази
Прав агол - агол од 90 степени.
Прав како јаже во торба - крив, виновен.
Не (за) права бога - на правдина, без вина.