а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

раз

Вид збор: Префикс
Ранг: 17083
1. („рас“ пред безвучна согласка) Претставка / префикс за образување глаголи.
2. Почеток или извршување некакво дејство со голема сила, со силен интензитет.
Примери:
разбаботи, разгори
разблее, разбрбори
разбрмчи, развика
3. Дејство спротивно на дејството изразено со основниот глагол.
Примери:
развитка, разврзе
размрси, размрзне
4. Извршување на дејството од глаголот во различни насоки со голема сила.
Примери:
разгони, разбутка
5. Извршено дејство, при што како резултат целината се дели на делови.
Примери:
раскрои, расече
6. Доведување на дејството на глаголот до резултат којшто целосно го опфаќа дејството.
Примери:
разбрка, разработи
развари, разубави
7. Извршување на дејството во целост, до крај.
Примери:
разграба, распродаде
8. Добивање особина изразена во придавката или именката од која е изведен глаголот, изразување состојба.
Примери:
разбесни, разлути
(се) разболи
9. Ублажување на интензитетот; прекин или крај на некаква состојба.
Примери:
раздени, разблажи, разбуди