скица
мн. скици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8064
1.
План, цртеж на зграда, на место и сл.
Примери:
Скица на населбата.
Скица на градот.
2.
Претходен цртеж на уметничко дело; претходна редакција на литературно, музичко дело.
Примери:
Скица на драма.
3.
Општи линии на нешто.
Примери:
Скица на реферат.