спомен
мн. спомени
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1456
1.
Впечатоци што се држат во сеќавањето.
Примери:
спомени од детството
незаборавни спомени
Слично со:
сеќавање (ср.)
2.
Предмет, обично подарен, кој служи за сеќавање на некого или нешто.
Англиски:
souvenir
Албански:
kujtim, suvenir
Му подари слика за спомен.
скап спомен
свет спомен
Слично со:
сувенир (м.)
3.
Сеќавање за умрен.
Англиски:
remembrance
Албански:
përkujtim
Му останаа верни на неговиот спомен.
Споменот за него нема да избледи.
Изрази
Спомен-книга - книга во некоја установа во која посетителите ги запишуваат своите впечатоци од установата, од некаков настан, личност и сл.
Спомен-обележје - споменик.
Спомен-парк - парк во кој се засадени дрвја од државници и други видни посетители на градот или земјата.