а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

хемиски

хемиска
Вид збор: Придавка
Ранг: 5583
1. Што се однесува на хемијата, на областа на хемијата, што се изучува од хемијата.
Англиски: chemical Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска анализа
хемиска промена на материите
хемиска реакција
хемиска формула
хемиски метод
хемиски обид
хемиски оглед
хемиски експеримент
Хемиски состав на крвта.
2. Што е предназначен, што служи за работа по хемија, што се однесува на работата на хемичар.
Англиски: chemical Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска индустрија
хемиска лабораторија
хемиски институт
хемиски кабинет
хемиски комбинат
3. Што се извршува со хемикалии.
Англиски: chemical Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиско бојадисување и чистење
4. Сврзан со примената на методите на хемијата во производството.
Англиски: chemical Албански: kimik
Употреба: Хемија
Примери:
хемиска обработка
хемиски молив (мастилен)
хемиско индиго (мастило)
хемиско производство
5. Сврзан со примени на производите на хемијата за воени цели.
Англиски: chemical Албански: kimik
Употреба: Воен термин
Примери:
хемиска војна
хемиска заштита
хемиско оружје