Политика - категорија

великодржавен повеќе

великодржавниот
Вид збор: Придавка
Што се стреми кон создавање големи држави преку владеење над послабите.

влада повеќе

мн. влади
Вид збор: Именка, женски род
Највисок колективен орган на извршната власт на една држава.
Англиски: government Албански: qeveri

владејачки повеќе

Види и: владејач (м.)
владејачкиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на владејач.
Англиски: ruling

владин повеќе

владини
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што е на располагање на владата, што потекнува од владата.
Англиски: governmental

ВМРО повеќе

Вид збор: Скратеница
Дел од име на политички партии во Македонија.
Англиски: VMRO

вмровец повеќе

Види и: ВМРО (скр.)
мн. вмровци
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник или член на ВМРО.

внатрепартиски повеќе

внатрепартискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на односите внатре во партијата.
Англиски: party-internal

внатрешнополитички повеќе

внатрешнополитичкиот
Вид збор: Придавка
Што е поврзан со внатрешната политика.

вонблоковски повеќе

вонблоковскиот
Вид збор: Придавка
Што не припаѓа, не е поврзан со воено-политички блок.
Англиски: nonaligned

вонинституционален повеќе

вонинституционалниот
Вид збор: Придавка
Што е вон институциите, вон општествените форми на државата.
Англиски: non institutional

вонпарламентарен повеќе

вонпарламентарни
Вид збор: Придавка
Што е вон парламентот.
Англиски: extraparliamentary

вонпартиец повеќе

мн. вонпартијци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што не е член на ниедна политичка партија.
Англиски: independent

врхушка повеќе

мн. врхушки
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе во чии раце е власта.
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш