мн. кандидати
Вид збор: Именка, машки род
Тој што се избира или е предложен да биде избран во составот на некое општествено или политичко тело или организација.
мн. кандидатури
Вид збор: Именка, женски род
Формално извршена постапка при пријавување за кандидат.
мн. кандидации
Вид збор: Именка, женски род
Предлагање некого за кандидат, истакнување кандидатура, кандидирање.
мн. канцелари
Вид збор: Именка, машки род
Во некои европски држави претседател на влада или еден од главните министри, парламентарни или дворски функционери.
Англиски:
chancellor
Германски:
Kanzler
Албански:
kancelar, kryeministër
капиталистички
повеќе
капиталистичкиот
Вид збор: Придавка
Што е својствен или што се однесува на капитализам и капиталист.
квазидемократија
повеќе
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Привидна, лажна демократија.
квазипатриот
повеќе
мн. квазипатриоти
Вид збор: Именка, машки род
клептократија
повеќе
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Израз составен од грчките зборови κλέπτω (краде) и κράτος (владее) со значење „власт на кражбата“, што означува политичка власт којашто се користи исклучително за кражба на народниот имот.
мн. клерикалци
Вид збор: Именка, машки род
Следбеник, приврзаник на клерикализмот.
клерикализам
повеќе
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Политички правец што се стреми кон cилно влијание на црквата (особено на католичката) во општествено-политичкиот и културниот живот на една заедница.
мн. клики
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе, поврзани со иcти политички, економски и други интереси заради оcтварување на користољубиви цели.
Англиски:
clique
Француски:
clique
Албански:
klikë
мн. коалиции
Вид збор: Именка, женски род
Привремен сојуз меѓу политички партии заради формирање заедничка влада или заради учество на избори.
коалициони
Вид збор: Придавка
Што се однеcува на коалиција.
коалицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Влезе, влегува, стапи, стапува во коалиција.
Вид збор: Придавка
Што се однесува на коалиција, што е во коалиција.
колаборираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Соработува предавнички со непријател.
мн. комитети
Вид збор: Именка, машки род
Избрано раководно тело на партија.
(едн.) комунизмот
Вид збор: Именка, машки род
Државен систем под власта на комунистичка партија.
мн. комунисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на идејата за воспоставување комунистичко општествено уредување; член на комунистичка партија.
комунистички
повеќе
Вид збор: Придавка
Што е во врска со комунист или комунизмот.
Примери:
Комунистички манифест
мн. комуњари
Вид збор: Именка, машки род
мн. конгреси
Вид збор: Именка, машки род
Највисок орган на организација, партија што се свикува на определено време или вонредно.
Во некои држави - назив за собрание, парламент.
конзервативен
повеќе
конзервативни
Вид збор: Придавка
За политичка партија и идеи - што е противник на остри и големи промени на политичкиот систем и во општествениот живот.
конзервативец
повеќе
мн. конзервативци
Вид збор: Именка, машки род
Член на конзервативна партија.
контрареволуција
повеќе
мн. контрареволуции
Вид збор: Именка, женски род
Активно противдејство врз извршената револуција, борба за воспоставување на претходниот поредок.
контрареволуционер
повеќе
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се бори против извршената револуција.
мн. кортеши
Вид збор: Именка, машки род
Политички активист што агитира за некого, што собира гласови.
кохабитација
повеќе
кохабитацијата
Вид збор: Именка, женски род
Соработка меѓу претседателот на државата со влада од опозициската партија.
мн. крилја
Вид збор: Именка, среден род
Група во политичка партија или во некаква организација која се разликува во своето идеолошко-програмско сфаќање.
Англиски:
wing
Албански:
krah
ксенофобијата
Вид збор: Именка, женски род
Мразење на странци или страв од странци.