дедуктивниот
Вид збор: Придавка
Што е добиен со дедукција, што се заснова на дедукција.
мн. дедукции
Вид збор: Именка, женски род
Изведување на посебното од општото, изведување на поединечен заклучок врз основа на нешто цело, општо.
дедуцираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изведе, изведува суд преку дедукција.
(едн.) деизмот
Вид збор: Именка, машки род
Религиозно-филозофско сфаќање според кое Бог е безличен творец на светот, но нема никакво влијание врз неговиот натамошен тек.
деконструкцијата
Вид збор: Именка, женски род
Аналитичка постапка во која главните претпоставки на традиционалната филозофија критички се ставаат во прашање.
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Според филозофијата на Платон и на питагорејците, творец и двигател на универзумот.
(едн.) детерминизмот
Вид збор: Именка, машки род
Учење според кое сè што постои во светот е определено од некоја причина надвор од волјата на човекот.
мн. детерминисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на детерминизмот.
(едн.) дијалектиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за општите закони на движењето и развитокот на природата, на општеството и на човековото мислење, која ги разгледува природните појави во вечно движење и менување.
мн. дијалектичари
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на дијалектиката, тој што ја применува дијалектиката, дијалектичкиот метод.
дијалектичниот
Вид збор: Придавка
Својствен на, заснован врз дијалектиката.
мн. дистопии
Вид збор: Именка, женски род
Непосакувано, опасно, застрашувачко општество.
мн. доктрини
Вид збор: Именка, женски род
Учење систем од научни, филозофски, политички или други мислења.
(едн.) дуализмот
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско, религиозно или политичко сфаќање според кое дадена целина претставува двојство на два спротивни принципа (на пр. духовна и материјална супстанција, душа и тело, добро и зло, светлина и темнина).
Англиски:
dualism
Албански:
dualizëm
мн. дуалитети
Вид збор: Именка, машки род
духовниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на човековата свест, на умствената дејност на човекот, на духот.
мн. души
Вид збор: Именка, женски род
Целокупност на чувствата, свеста и на карактерните особини на човекот.
Англиски:
soul
Албански:
shpirt