Филозофија - категорија

евроцентризам повеќе

(едн.) евроцентризмот
Вид збор: Именка, машки род
Поглед кон светот од европска перспектива.
Англиски: eurocentrism

егзистенцијализам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Филозофско учење што го поставува како центар на истражувањето прашањето на опстанокот.
Англиски: existentialism Албански: ekzistencionalizëm

егзистенцијалист повеќе

мн. егзистенцијалисти
Вид збор: Именка, машки род
Приврзаник на егзистенцијализмот.
Англиски: existentialist

езотерија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Наука што античките филозофи им ја предавале на мал број ученици како тајна.
Англиски: esoterism

еклектизам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Спојување и отсуство на полно единство во поврзувањето на ставови, идеи и начела одбрани и преземени од разни учења.
Англиски: eclecticism Албански: eklektizëm

еклектик повеќе

Види и: еклектичар (м.)
мн. еклектици
Вид збор: Именка, машки род
еклектичар
Англиски: eclecticist

еклектицизам повеќе

Види и: еклектизам (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
еклектизам
Англиски: eclecticism

еклектичар повеќе

мн. еклектичари
Вид збор: Именка, машки род
Тој што го прифаќа еклектизмот во својата работа.
Англиски: eclecticist

еклектичен повеќе

Види и: еклектизам (м.)
еклектичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на еклектизам.
Англиски: eclectic

еклектички повеќе

еклектичкиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на еклектичар.
Англиски: eclectic

емпиризам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Филозофски правец според кој само со опит, со искуство се доаѓа до спознанието.
Англиски: empirism

ентитет повеќе

мн. ентитети
Вид збор: Именка, машки род
Општ назив за некој елемент, за нешто што е, што постои на светот.
Англиски: entity Албански: entitet
суштина, важност
Англиски: entity Албански: entitet

епистемологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
теорија за спознанието
Англиски: epistemology

етика повеќе

(едн.) етиката
Вид збор: Именка, женски род
Наука за моралот, за моралните принципи и норми и за нивната улога во општествениот и во личниот живот на човекот.
Англиски: ethics Албански: etika
а - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш