вода

мн. води
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 128
Проѕирна безбојна течност без мирис и вкус која во чиста состојба претставува хемиско соединение на водород и кислород.
Латински: aqua Англиски: water Српски: вода Албански: ujë Бугарски: вода Грчки: νερό
Примери:
Се напи вода од стомнето.
Се измија во студена изворска вода.
Слатка вода - природна вода што не е солена.