Хаваи (име.)
На спиење ме тераше јадот што немав доволно пари за да заминам за Хавајските Острови за кои што слушав дека бил рајот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Без никаква дрога, освен кофеин и никотин, јас утре ќе бидам во Сан Франциско и ќе слушам некоја своја музика, а во недела, ако даде Господ, ќе се разбудам на Хаваи со папаи и ананас за доручек.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се излежував на Хаваите, нишкајќи се тивко под чадор кој ме криеше од топлото сонце.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Чадот се растури како муабетите за интелигенција, сензуалност и необична фаталност на нашата хавајска средба.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)