агентура ж.

агентура (ж.)

Ме нарекуваат агент на Гестапо, на Интелиџенс сервис, на Озна, на сите светски агентури.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И во двете беа споменати македонските организации: НОВ, АФЖ и НОМС, како туѓи агентури и подривачи на комунизмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ нарекоа југословенска агентура во редовите на НОФ, АФЖ и НОМС.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Запад тоа се развиваше и како регуларна државна институција, како шпионажа, агентура, разузнавање и што не уште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)