акробат м.

акробат (м.)

Потоа - тројца акробати на трапез, пет дресирани кучиња, кловнови во шарена облека.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Затоа акробатот не го трпи левиот профил на човечето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Акробатот силно ги забуцува тешките раце во џебови.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Очите на Шими Алберт, акробат, со две физички и две духовни лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Напротив, исправноста во вистинска смисла бара целосна контрола над сопствениот ментален процес, каква што има акробатот над своето тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Шушка коприната на незаборавот глода свеста гризе совеста јаде жолчката копнее желбата се топи, се впива во лебецот на јазикот а јазикот е совршен акробат во несовршениот циркус на историјата чијашто кожа е дребна бродерија скапоцен марифет народот е и врач, и враг Боже благи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пладне свиткано под старата козирка. Испотените соништа се спуштаат по акробатските скали кон светилникот снемоштен од стари бури.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Нашиот шеф, тоа неуморно добиче, кој никогаш нема време и ништо не работи, кој најскапоцените часови од денот ги минува во празно дрдорење – една до немајкаде бесмислена егзистенција – кој не се осмелува самиот себеси да си ја признае висината на долговите, кој само подметнува и блефира и ми личи на акробат кој дуе еден балон додека другиот, во истиот миг, му се распрснува: од сето тоа останува само еден одвратен гумен партал кој само миг пред тоа имал свој сјај, свој живот и своја моќ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стоевме покрај океанот и им се восхитувавме на сурферите коишто како акробати се справуваа со големите бранови.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Денес повлекувам тенка линија во животот.. ќе се движам по неа.. како акробат кој се обидува да држи рамнотежа...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Од денес станувам акробат на својата сцена...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Потем сал туку се излежуваше по дома, си остана младоженец без невеста, едно време се пушти глас дека станал акробат и ноќум одел по жица како месечар, филистејците се такви, на спасителите им подаруваат осаменост, им го нудат и кошмарот на заминувањето од родната грутка – барем сега не се талка со месеци по морињата до Австралија и Нов Зеланд, а ако е до пустини и таму има пустини, но децата таму не чуле за прачки, не виделе дренки и шумски малини, децата таму се далдисани во компјутерски игри.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)