алатка (ж.)
Потоа луѓето се нафрлија да купуваат алатки за работа: искупија плугови, гребла, копачи, мотики, сорови, клинци, шари и зафатија да ги поправаат куќите и плевните, да ги ораат нивјето, да сеат, да садат, да ги режат овошките; го тераа добитокот да пасе по планините и високите места каде што тревата беше чиста.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Токму како што САД и СССР го контролираа светот минатите четириесет години дистрибуирајќи оружје во секоја услужна диктаторска земја, сега Јапонските и компаниите од Силиконската долина го ослободуваат светот со бескраен прилив на електронски алатки дизајнирани за индивидуална употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Формите определени од овој или оној уметник имаат тенденција да станат еден личен опис, всушност една хералдика, замислени визуелни алатки кои имаат за цел автопропаганда и автопрокламација.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Семејната заднина укажува дека неговиот новооткриен талент и не е изненадување; двајцата родители се во рекламниот бизнис. Frere-Jones (името му е комбинација од презимињата на двајцата родители) се сеќава дека графички алатки секогаш имало „низ целата куќа”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Таа ја фрли кафеавата торба за алатки на подот и му се фрли во прегратка.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се облече, си ги зеде скулпторските алатки што долго време не ги беше фатил и пак излезе во дворот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Ременот е најдобрата алатка за разрешувањето на таквите случаи - реков - но за точката во циркузот скалпелот бил многу поатрактивен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но она што најмногу ме згрози, беше неговото објаснување дека и вујна му Манасија се стаписала кога ја здогледала неговата алатка и божем извикала „Ох, сладок на вујна, таа твоја зажарена гламја колку ли куќи ќе пеплоса!“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Човекот сериозен, траурен, а јас, недосетлив, и понатаму со мајтапџиските алатки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Портата и ѕидините се накитени со разно оружје, и воени алатки, само топови нема толку многу како што мисли човек загледан од долу, од пазариштето. А зошто и да ги има?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Пронаоѓајќи ја интелектуалната алатка наречена а бе ај да ги сврзиме празниците, слободното време го прогласивме за наша филозофија на живот.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
За игра љубовна потентна алатка (клуч француски, а може и секира); Во сос похуван, рапаво сетило за зборообразување и други орални задоволства - логореа како нимфоманија, вербален деликт како крвна одмазда.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во таквите мигови сврти се кон големите и сериозни нешта, пред кои тој станува или мал и беспомошен, или напротив, добива на сила, прераснувајќи во релевантна алатка за формирање и изразување на твојот светоглед.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Така, не им остануваше друго, но беспомошно да гледаат во празнината на единственото за нив, есенцијално прашање: Како може да постои практична обука без алатка?
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Нејзината отвореност беше мала, кружна и речиси ненаметлива - слично на дупчињата за антена кои татковците ги прават со позајмени алатки, не сакајќи да повикаат мајстор.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Интересно е да се напомене дека Тужбата што ја поведе тој пред судот и Барањето што го поднесе пред трудовата инспекција, беа алатки со кои се присили Министерството да го задржи него на работа, односно да не ја изврши одлуката содржана во фамозното противзаконито Известување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Меѓутоа, единствената личност што мене ми остави впечаток за време на ова интермецо на мојата вработеност – тоа беше кондуктерот во трамвајот кој со својата алатка за дупчење билети ми го поништуваше денот; ќе го кренеше тоа парче хартија, мојот неделен возен билет, ќе го вотнеше во отворената челуст на својата справа и некакво невидливо мастило на него ќе поништеше два сантиметра – и еден ден од мојот живот – еден скапоцен ден кој ми носеше само замор, ниту приближно со онолку пари колку што ми беа потребни за да ја продолжам таа бесмислена работа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Не треба да се потценува и моќта на говорот кој ни е главната алатка за мајсторење.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)