алгоритам (м.)
Секако, направени се машини на кои се имплементирани алгоритми за учење, и Геделовата теорема не зборува ништо за нивните ограничувања. Да погледнеме на ова и од друг агол.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ако говориме за иднината, не смееме да заборавиме дека тука тече незапирлив алгоритам: луѓето што ја измислиле парната машина, никогаш не би се сетиле да изградат огромен брод на парен погон, со што би ја употребиле својата технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
При тоа, за чудо, се покажа дека таквите работни модели не можат да бидат ниту слики ниту текстови, туку дека се алгоритми.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Состојбата на современата свест можеме на таа основа да ја збиеме некако вака: веќе од ренесансата наваму дел од „духовната елита“, litterati-те, почна да размислува формално-калкулативно наместо дискурзивно-историски и започна да се изразува во алгоритми наместо во литературни текстови.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Калкулативното размислување не го разложува само даденото на алгоритамски односи, туку дури и ги синтетизира.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Или, со други зборови, компјутерите се способни да синтетизираат алтернативни светови, што ги проектираат од алгоритми, т. е. од симболите на калкулативното мислење, коишто можат да бидат исто толку конкретни колку и светот што нѐ опкружува.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Математичкиот алгоритам ќе ги изрази формалните закони на симболизацијата, синтаксичките структури, независни од ова или она поединечно средство на изразување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Програмот генерира облаковидни слики врз основа на алгоритам чии параметри реагираат одредени зборови во текстот што се внесува (претходно сместени во базата на податоци). 54 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Практично, ние го правиме следново, при што мојот придонес е теориски: ние ја пресметуваме генетската информација и ја пренесуваме во алгоритми. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 91
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Освен тоа не постои општ метод за изнаоѓање на минимален програм кој симулира некоја дадена група на податоци како што тоа се бара во определбата на алгоритамската сложеност.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Легради: Она што го правам е земање на случајни нумерички податоци генерирани преку математички алгоритми и нивно вообличување, поставување во рамки на културниот контекст, така што добиваат значење.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Потоа еден програмер од Универзитетот во Стразбур од тие алгоритми прави софтвер.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Притоа, што зачудува, искажаа дека таквите работни модели не можат да бидат ни слики ни текст, туку мораат да бидат алгоритми.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Кај ‘исполнетиот’ програм компјутерот е програмиран за изведување низи од алгоритамски постапки - соодветно на фаталистичкото, религиско сфаќање на егзистенцијата - програмот доаѓа од бога.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)